baner
za nas kontakt lab dolomit - proekt
14N sise
10K
Ca,B
N,Ca,Mg
super
     
limon

МАКФЕРТ - 10К

МАКФЕРТ - 10К е течно ѓубриво со нагласена содржина на калиум (К2О), кое не содржи хлор што е предност при исхрана на растенијата преку листот. Се применува за брза прехрана при недостаток на калиум (К2О) посебно за овоштарските и поледелските култури каде е нагласена потребата за калиум. Може да се применува и за градинарските култури по формирање на плодот.

Состав: 
Макроелементи: Азот (N) 7%, Фосфор (P2O5) 5%, Калиум (К2О) 10%.
Микроелементи: (Ca, Mg, Fe, Zn, Cu, Mn, Mo, B) во хелатна форма.

Физички особини: Течност со светло зелена боја и точка на кристализација до +10 °C.

Употреба: Се употребува за фолијарен третман, систем "капка по капка" и преку полевање.

1. Фолијарен третман:
- Овоштарски и поледелски култури 0,4 - 0,5% раствор (400 - 500 ml во 100 L вода);
- Тутун, коренокртолисните и градинарски култури 0,3 - 0,4% раствор (300 - 400 ml во 100 L вода);
- со употреба се почнува кога листот доволно ќе се развие, 5 - 6 прскања на временско растојание од 7 - 10 дена по можност да се избегнува прскање во многу топло и сончево време.

2. Систем "капка по капка" и полевање - се применува како 0,4 - 0,5% раствор,

Мешање: Се меша со пестициди, освен со Бордовска чорба, или со други силни алкални средства.

Чување: Се чува во затворена амбалажа на температура над 10°C.

Рок за ефикасност: Неограничен.

Пакување: Пластично шише од 1 L.

listol
cvetol
agni
22-21-18
21-21-21
11-10-41
16-8-32+MgO
zito