baner
za nas kontakt lab dolomit - proekt
14N sise
10K
Ca,B
N,Ca,Mg
super
     
limon

МАКФЕР Ca,B

МАКФЕРТ Ca,B (или како што поради високата литарска тежина потрошувачите го нарекуваат "Тешка Вода") е течно фолијарно ѓубриво, со чија примена значително се допринесува за остварување на високи и квалитетни приноси.

1. Хемиски состав
1.1. Макроелементи: Калциум (Ca) 17%, Азот (N) 10%.
1.2. Микроелементи: Бор (B) 0.2%, Цинк (Zn) и Железо (Fe) по 100 ppm.

2. Физики особини
Светло жолта течност, литарска тежина 1.5 gr/cm3.

3. Предности со примена на Макферт Ca,B
- ја зголемува цврстината на плодот;
- го стимулира задржувањено на цветот, оплодувањето и заврзувањето на полодот;
- го стимулира порастот на кореновиот систем како и транспирацијата на листот;
- ги неутрализира органските киселини во растителното ткиво;
- ја стимулира делбата на ќелијата и цврстината на клеточниот ѕид;
- помага во движењето на шеќерот и хранливите елементи од лисјата до плодовите.

Со превентивна примена на Макферт Ca,B се спречува:
- го намалува предвеменото паѓање на плодот;
- врвното гниење кај градинарските култури;
- мувла во цветот кај градинарските култури;
- сушење на рачките кај виновата лоза;
- ја намалува појавата на горчливи и плутасти пеги кај овошјето до 90%.

4. Примена
4.1. Градинарски култури (домати, пиперки, краставици, марула, зелка)
- доза: 0.2 L/100 L вода или 2 - 3 L/ha;
- период на примена: почеток на цветање, односно со формирање на глава;
- број на апликации: 4 - 5 пати.
4.2. Винова лоза 
- доза: 0.3 - 0.4 L/100 L вода, или 4 - 5 L/ha;
- број на апликации: 3 - 4 пати;
- апликациите да започнат веднаш после цветењето.
4.3. Овошни култури
- доза 0.4 L/100 L вода, или 4 - 6 L/ha;
- број на апликации 4 - 5 пати;
- Апликациите да започнат веднаш по цветењето и да завршат во првите 6 недели.

5. Мешање
Се меша со заштитни средства, не се меша со ѓубрива кои содржат Фосфор (P2O5).

6. Чување
Се чува на температура над 5 °C, во спротивно се создаваат кристали кои што повторно се топат, само што тој процес е подолг. Проментата на физичкиот облик не влијае на квалитетот.

7. Рок на ефикасност
Во оригинална затворена амбалажа, рокот на ефикасност е неограничен.

8. Пакување: Пластично шише 1 L.

listol
cvetol
agni
22-21-18
21-21-21
11-10-41
16-8-32+MgO
zito