baner
za nas kontakt lab dolomit - proekt
14N sise
10K
Ca,B
N,Ca,Mg
super
     
limon

МАКФЕРТ N,Ca,Mg

МАКФЕРТ N,Ca,Mg со трговски назив НИТРОКАЛ е специјално течно ѓубриво кое содржи три макробиогени и три микромиогени елементи.

Хемиски состав:
Макробиогени елементи: Азот (N) 9%, Калциум (CaO) 14%, Магнезиум (MgO) 2%.
Микробиогени елементи: Fe, Cu, Zn - 0.05% во хелатна форма.

Физики особини:
Течност со плава боја, без мирис и специфична маса 1.5 gr/cm3.

Предности со примена на НИТРОКАЛ:
Специфичниот хемиски состав овозможува широк спектар во физиолошко - биохемиските процеси во растението за поуспешна фотосинтеза и метаболизам на органските материи. Поуспешна фотосинтеза овозможува постабилни и квалитетни приноси.

Со превентивна примена на НИТРОКАЛ се спречува:
- “трулежот” на врвовите кај градинарските култури;
- “горките пеги” кај јаболката;
- предвременото опаѓање на листот и плодот од култрите;
- сушење на рачките кај виновата лоза.

Примена:

- Количината за фолијарно ѓубрење се движи од 0.4 - 0.6% воден раствор, односно
0.4 - 0.6 L во 100 L вода. Се прска 4 - 5 пати во текот на вегетацијата на 10 - 15 дена, почнувајЌи пред цветање и после цветање.

- Количините за фертиригација се 2 - 3 L/декар со 2.5 - 3.5 m3 вода за апликација. Бројот на апликации зависи од културата и “програмот за ѓубрење” и се движи од 12 до 25.

Мешање:
Се меша со заштитни средства, не се меша со други ѓубрива.

Чување: Се чува на температура над 5 °C, во оригинална амбалажа.

Рок на ефикасност: Во оригинална амбалажа, рокот на ефикасност е неограничен.

Пакување: Пластично шише од 1 L.

listol
cvetol
agni
22-21-18
21-21-21
11-10-41
16-8-32+MgO
zito