baner
za nas kontakt lab dolomit - proekt
14N kutija
10K
Ca,B
N,Ca,Mg
super
     
limon

Макферт Кристал
22 - 21 - 18 +М.Е.

МАКФЕРТ - Кристал е високо концентрирано ефикасно кристално ѓубриво кое во себе ги содржи сите потребни макро и микро хранливи елементи кои ги задоволуваат барањата за зголемено и квалитетно земјоделско производство.

1. Предности во исхрана со фолијарна апликација
1.1. исхраната преку коренот е пореметена или прекината (недостаток на вода во почвата); 1.2. дополнително и збогатено хранење на растенијата;
1.3. растенијата кои се сиромашни, во развојот брзо ги нормализираат развојните етапи.
1.4. брза корекција при недостаток на некој хранлив елемент.

2. Предности на МАКФЕРТ - Кристал со фолијарна апликација
2.1. идеален однос на макро и микро елементи;
2.2. висока чистота на ѓубривото, не содржи хлор, перхлорат и тешки елементи;
2.3. целосна растворливост во вода без да ја загадува почвата и водените ресурси;
2.4. компатибилност на заштитните средства, освен со Бордова чорба или силни алкални средства како и калциумови ѓубрива;
2.5. вкупниот азот го сочинуваат форми на азот кои овозможуваат брзо и продолжително дејство.

3. Хемиски состав
3.1. Макро елементи: Азот (N) 22%; Фосфор (P2O5) 21%; Калиум (К2О)18%;
Магнезиум (Mg) 1.3%; Сулфур (S) 1.2%.
3.2. Микро елементи: Железо (Fe) 500 ppm; Калциум (Ca) 500 ppm; Манган (Mn) 300 ppm;
Бакар (Cu) 300 ppm; Цинк (Zn) 150 ppm; Молибден (Mo) 50 ppm; Бор (B) 50 ppm.

4. Физички особини
Течно плави кристали, релативна специфична маса 1,1 gr/cm3.
Вредност на pH рекција 5,5 - 6.

5. Употреба

5.1. Фолијарна апликација

5.1.1. Овошни култури (јаболко, круша)
- доза 100 - 200 gr/100 L  вода;
- период на апликација: пред цветање, после паѓање на цветот и при формирање на плодот;
- број на апликации 4 - 6.
5.1.2. Костенливо овошје (цреша, вишна, кајсија, праска, слива)
- доза 100 - 150 gr/100 L вода;
- период на апликација: после појавување на првите листови со повторување на секои 15 дена;
- број на апликации 4 - 5.
5.1.3. Винова лоза
- доза 100 - 150 gr/100 L вода;
- период на апликација при потерување на окцата 8 - 10 дена пред цветање, 
10 - 15 дена по цветање и пред прошарок.
5.1.4. Градинарски култури
- доза 100 - 150 gr/100 L вода;
- период на апликација: 5 - 6 прскања со повторување на 10 дена.
5.1.5. Поледелски култури (пченица, јачмен)
- доза 2.4 - 2.8 kg/ha;
- број на апликации: 2 прскања.

5.2. Систем "капка по капка"
- доза 2 - 4 kg/декар за една апликација;
- бројот на апликациите зависи од културата, базичната плодност на почвата и климатските услови.

6. Чување
Се чува во затворена амбалажа на суви места. Во случај на хигроскопност
МАКФЕРТ - Кистал не ги губи хемиските својтва.

7. Рок на ефикасност
Во оригинална амбалажа рокот на ефикасност е неограничен.

listol
cvetol
agni
22-21-18
21-21-21
11-10-41
16-8-32+MgO
zito