baner
za nas kontakt lab dolomit - proekt
14N      

МАКФЕРТ КРИСТАЛ
за житни култури

МАКФЕРТ - Кристал е кристално ѓубриво со висока концентрација на хранливи материи кое ги задоволува барањата за зголемување на приносот кај растенијата. Со соодветни методи на негова примена и во оптимални количини, растенијата се задоволуваат со потребните хранливи материи на најбрз можен начин, без да се деградира почвата и водените ресурси.

Хемиски состав
Макроелементи: Азот (N) 22%, Фосфор (P2O5) 21%, Калиум (К2О) 18%, 
Микроелементи: Mg, Fe, Ca, Mn, Cu, Zn, Mo, B, во хелатна форма.

Физички особини
Кристали, потполно растворливи во вода, со релативна специфична маса од 1.1 gr/cm3.
pH реакција 5.5 - 6.5.

Употреба 
Балансираниот хемиски состав како и добрите физички особини, овозможуваат одлични резултати за фолијарен третман на земјоделските култури, посебно кај пченицата и јачменот. 
Апликацијата може да се комбинира и со заштитни средства. Третман за пченица и јачмен препорачуваме (во фаза на братимење и 15 дена после првото третирање) во количина од 2-3 kg/ha.

МАКФЕРТ - Кристал се раствора во вода во однос 1 : 15 (1 kg Макферт Кристал : 15 L вода). Заштитните средства (хербициди, инсектициди и др.) се раствораат во посебен сад со вода во соодветен однос и така припремени се ставаат во атомизер или друг систем.
Мешањето помеѓу Макферт - Кристал и заштитното средство, припремени на ваков начин, нормално се примаат.

Чување 
Поради хигроскопноста на ѓубрето, да се чува во затворена амбалажа на топли и суви места. Во случај на хигроскопност МАКФЕРТ - Кристал не ги губи хемиските својства.

Рок на ефикасност 
Во оригинална затворена амбалажа рокот за употреба е неограничен.

Пакување: Пластични вреќи од 5 kg.

10K
Ca,B
N,Ca,Mg
super
limon
listol
cvetol
agni
22-21-18
21-21-21
11-10-41
16-8-32+MgO
zito