lab
za nas kontakt gjubriva dolomit - proekt
pdf
znacenje

 

   

АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВАТА
основа за рационално користење на ѓубривата

Во аграрно развиените земји е незамисливо да се аплицираат ѓубривата без да се има основа, односно без агрохемиска анализа на почвата. Големиот спектар од комбинации на комплексни ѓубрива со нај различен однос на макро и микро елементи е резултат на агрохемиските анализи на поедини почви, односно почви со различна плодност. Тука се поставува прашањето: "дали знаеме која комбинација на ѓубриво да ја примениме ако не ја знаеме плодноста на почвата?", односно немеме агрохемиска анализа на сопствената почва. Доколку еден хемиски елемент е во недостаток или вишок, тогаш тој го ограничува производството во квалитет и во квантитет. Овој факт мора да го знаат современите земјоделци доколку сакаат успешно да менаџираат со сопственото производство.

Катедрата за агрохемија и исхрана на растенијата при Земјоделскиот факултет од Скопје, заедно со фирмата Бистрица од Кавадарци, врз основа на испитувањата на повеќе региони во Македонија, дојдоа до сознанија дека плодноста на почвата во многу региони не е добра, на некои региони е и лоша, а тоа преставува проблем за производство на земјоделски култури.

Постојат многу причини за настанување на дебаланс на хранливите елементи, ќе наброиме некои:
- Никогаш не се извршени агрохемиски анализи на почвата, со мали исклучоци кај некои напредни земјоделски производители, а интезивно се ѓубри;
- Паушално односно лош избор на ѓубриво при дозирање по единица површина, несоодветно време и начин на ѓубрење на почвата и културата;
- Препораките за примена на ѓубривата со години наназад ги издаваат неодговорни и некомпетентни поединци (трговци, кадри од науката од други специјалности), кои без грижа на совеста, без агрохемиска анализа на почвата, препорачуваат видови на ѓубрива и количини по единица површина. Можеби со добри намери, но често и поради лични интереси за пласман на сопствените ѓубрива и за споствена провизија.

Дали постои простор да зборуваме за последиците од неадекватното ѓубрење?

- Почвата не може да ги амортизира грешките на човекот, а последиците ги трпат растенијата со намален принос, лош квалитет и неконкурентност на пазарот како свеж производ за консумирање и преработка;
-Грешките во интезивното производство кај стаклениците и пластениците каде ѓубрењето е интезивно, можат да бидат катастрофални а за остранување на последиците се потребни огромни инвестиции.

Врз основа на горе наведените сознанија добиени од терен, фирмата Бистрица од Кавадарци, чија основна дејност е производство на МАКФЕРТ - минералните ѓубрива, во соработка со експертот по агрохемија и исхрана на растенијата Проф. Д-р. Видоја Трпевски од земјоделскиот факултет од Скопје, ја доопреми својата лабараторија со најсовремени иструменти и со помош на современи методи кои се применуваат во светот, може да изврши агрохемиска анализа на почвата и врз таа основа да даде соодветна препорака за кои типови ѓубрива и во која количина по единица површина треба да се применат.

Основни параметри кои ги испитуваме и врз кои се базираат нашите препораки се следниве:
- Азот;
- Фосфор;
- и Калиум; (во достапни форми за растенијата)
- пХ-реакција;
- хумус;
- карбонати.
(по потребa во можност сме да испитуваме и микроелементи)

upastvo
video