lab
za nas kontakt gjubriva dolomit - proekt
pdf
znacenje

 

   

УПАСТВО
За сондажа на почвени проби за испитување на плодноста на почвата
(Агрохемиски Анализи) и препораки на ѓубрење

За да се добијат реални податоци за плодноста на почвата, а со тоа и да се дадат реални препораки, многу важен елемент е сондажата на почвените проби.

1. Потребен прибор за на терен
            - агрохемиска сонда (сврдел);
            - пластични кофи бр. 2 - 3; 
            - најлон кеси;
            - етикети одпечатени, големина 14 x 10 cm; 
            - нотес или тетратка;
            - возило.

2. Земање на проби од големи парцели

            Големи парцели се сметаат над 10 ha. 
Доколку парцлата е на пример 30 ha, се дели на 3 дела по приближно 10 ha (I дел, II дел, IIII дел). Од секој дел се зема по една Просечна Проба. Во една просечна проба влегуваат 8 - 10 поединечни проби од соодветна длабочина. Местата за сондажа се лоцираат по "цик - цак" метода.

upstvo
video
parcela 30 ha

Сондажите по соодветна длабочина се собираат во една кофа, добро се меша почвата со рака. Од измешаната почва се зема 1 -1.5 kg и се става во кеса, додека вишокот се отфрла.

Во кесата ОБАВЕЗНО се става етикета со податоци (види прилог). На ист начин се продолжува на II дел, III дел итн.

3. Земање на проби од мали парцели

Мали парцели се сметаат помали од 10 ha. 
Принципот за земање на проба од мали парцели е ист како и кај големите, разликата е во бројот на сондажите, т.е.

- за 1 декар - 3 сондажи;
- 2 - 6 декари - 4;
- 7 - 10 декари - 5;
- 1 - 3 хектари - 6;
- 3 - 8 хектари - 7;
- 8 - 10 хектари - 9 сондажи.

parcela - x2

Пробите од соодветната длабочина се собираат во една одбележана кофа, се меша и од кофата се зема просечна проба, се става етикета со податоци.

4. Длабочина на земање на проби

            Зависно од културата што ќе се засее наредната година, длабочината за земање на прбата е следна:

            - жита 0-30 cm;
            - домати, краставици, пиперка, зелка: 0-20 и 20-40 cm;
            - индустриски култури: 0-20 и 20-40 cm;
            - тревници и ливади 0-20 cm;
            - овошни насади и винова лоза: 0-30 и 30-60 cm.

5. Правила при сондажа на проби

- Местата за сондажа да не се во близина на пат, канал, штала, магацин за ѓубрива, купишта шталско ѓубриво и сл.;
- Местото да не е локва или тумба;
- Пред земање проба да се очисти од трева и лисја;
- Да изминало една вегетација после последното ѓубрење;
- Секоја длабочина се става во посебна одбележана кофа, да не се мешаат длабочините. Доколку се погреши се поновува земанјето (бушењето);
- Да се избегне контакт со амбалажа од минерални ѓубрива;
- Да се чисти сондата од остаток од почва пред сондирање на нова проба;
- Ако парцелата е над 10 ha, да се означи во нотес кој е I, II, III ... дел.

6. Регистрација во нотес (тетратка)

            Во нотес се забележува:
- Податоците од етикетата од бр.1 до бр.4. 
- Дали е ѓубрено во претходната година, вид на ѓубриво и количина кг/ha.
- Површина на нивата и колкави приноси се добиени, дали има услови за наводнување
- Колкав принос објективно треба да се добие од нивата, вид, култура, сорта.
- Доколку теренот рејефно не е ист (има рамен дел и ридест дел), посебно се земаат проби и се бележи во етикетата и нотесот.

7. Прилог

Податоци во етикетата:
1. општина .............................................................................................................
2. локалитет ..........................................................................................................
3. сопственик на парцелата ..............................................................................
4. катастарска парцела и класа .......................................................................
5. предкултура ......................................................................................................
6. култура за наредната година ........................................................................
7. длабочина на сондажа ...................................................................................
8. датум и потпис на извршителот ....................................................................

Димензија на етикетата 14 x 10 cm (четвртина А4 лист).
На терен со одпечатени поратоци (прашања).

Се надеваме дека внимателно ги разгледавте овие наши размислувања, а со тоа ние сме за соработка.