baner-dolomit
za nas kontakt gjubriva lab
eng
rudnik

 

   

Фирмата БИСТРИЦА СБ Доо е основана со намера да биде носител на истражни активности на минерални суровини, меѓу кои и лежиштето на Доломит кај с. Мајдан - Кавадаречко во близина на рудникот Алшар.

На основа извршените истраги од Рудпроект - Скопје изготвен е Елаборат на рудни резерви, потврден од министерството за Економија при Владата на Република Македонија, решение Уп. бр. 09-67 од 06.03.1995 година со кое е извршена заверка на рудни резерви од 2,6 милиони тони А категорија и 4,1 милиони тони Б категорија доломитна руда.

А категорија       -      1.999.777 m3 или 2.610.715 тони
Б категорија       -      1.888.548 m3 или 4.109.480 тони
----------------------------------------------------------------------------
Вкупно А+Б                3.088.325 m3 или 6.720.195 тони

Хемиски карактеристики на доломитот:

                Бел  [%]          Жолт [%]
CaO          30.05               30.26
MgO          21.32               21.05
Fe2O3          0.08                 0.28
Al2O3           0.73                  0.54
SO3             0.28                  0.23
Z.Z.            46.07               46.30
N.O.             1.11                 0.91_
Вкупно:     99.64               99.57

1 Тест: Доломит - Жолт
Состав:
- dolomite, calcit, limonit, feldspati, quartz, pyrolusite, amphibole, chlorides.
Бојата на овој доломит е жолта.
Гранулација, големината на кристалите е 3 - 450 микрони, многу ретко може да се најдат кристали со големина од 1мм. Просечната големина е 180 микрони.

2 Тест: Доломит - Бел
Состав:
- dolomite, calcit, feldspati, quartz.
Бојата на овој доломит е бело-сива. Гранулација, големината на кристалите е 5 - 250 микрони. Просечната големина е 80 микрони.

За користење на овие рудни резерви БИСТРИЦА СБ од Владата на РМ доби Концесија за експлоатација на рудните наоѓалишта на локалитетот Мајдан - Конопиште Дог. бр. 08-1946/2 од 19.06.2000 година.
Концесијата е дадена за 30 години, со можност за продолжување за уште еден период од 30 години.

На основа извршените хемиски анализи, полуиндустриски проби и др. активности од страна на БИСТРИЦА е утврдено дека доломитната руда може да има многу широка примена, и тоа: за добивање на висококвалитетно кристално стакло, во градежништвото, за градежни елементи, за добивање на висококвалитетни бетони и малтери, за абразив во стоматологија и за производство на авразивни средства за домаќинства, за добивање на висококвалитетен порцелан, за изолациони материјали и кабли, во индустрија за автомобилски гуми, за додаток на сточна храна за кокошки, свињи и крави, за вештачки ѓубрива за житарици, овоштарници, лозја, оранжерии и градинарство и многу друга примена.

БИСТРИЦА изврши многу анализи и консултации со еминентни стручни лица од повеќе области и како најреална и најдобра е прифатена идејата за примена на доломитот во производство на течни и тврди ѓубрива на магнезитна основа, бидејќи магнезиумот како централен елемент во хлорофилната асимилација која ја обезбедува живата зелена боја на листот на сите растенија, се повеќе се исцрпува од почвите во светот заради отсуство на природните ѓубрива и се поголема примена на вештачките ѓубрива.
Исто така од извршенита пазарна анализа на вештачки ѓубрива е констатирано дека во Р. Македонија овие ѓубрива, воопшто или се многу малку застапени.

Заради реални согледувања на домашните потреби од овој вид на ѓубриво БИСТРИЦА во соработка со Технолошкиот и Земјоделскиот факултет од Скопје извршија хемиски анализи на почвите во Републиката, за да може своето производство на вештачки ѓубрива на магнезитна основа да го прилагоди согласно реалната состојба на присуство на магнезиум во почвите во Македонија.

Од извршените анализи на почвите во Тиквешијата, Пелагонија и Овчеполието, БИСТРИЦА СБ од Министерството за земјоделие при Владата на РМ доби Решение да може да произведува и да пушта во промет вештачки ѓубрива и произведе повеќе вида на течни ѓубрива (Фирмата е упишана во Регистарот на РМ на производители на хемикалии за земјоделието).

На основа досегашните анализи и истражувања е оценето дека пазарните услови за производство на магнезиум сулфат монохидратен, посебно анхидратен, се поволни и неговата примена во животот на луѓето е се поголема.

Затоа БИСТРИЦА пристапи кон изготвување на технологија за производство на Магнезиум Сулфат Анхидрат во кристална форма од основната суровина Доломит од лежиштето кај село Мајдан - Конопиште.

sliki rudnik
MgSO4