baner-dolomit
za nas kontakt gjubriva lab
eng
rudnik

 

   

Кој се предностите на Aнхидратниот Mагнезиум Сулфат (MgSO4) во однос на
хептахидрантен (MgSO4 x 7H2O) кој се котира на светските берзи

  • Значителна поголема концентрација на активна материја MgO
    • MgO (MgSO4 ) = 32 - 33%
    • MgO (MgSO4 x 7H2O) = 16%
  • Подобри физички особини
    • густина 8 (MgSO4 ) = 2,66 t/m3
    • ситност 9 (MgSO4 x 7H2O) = 1,6 t/m3
  • Значително помали транспортни трошоци при транспорт по единица активна материја,
  • Помали манипулативни трошоци при примена,
  • Со примена на анхидратен магнезиум сулфат во индустријата на производство на ѓубрива за земјоделието се ствараат услови за производство на високо концетрирани ѓубрива со мала содржина на баласт,
  • Овој производ ќе биде основа за производство на многу видови магнезитни ѓубрива чија примена се зголемува годишно над 10%, а магнезиумот дава статус на макроелемент во исхрана на растенијата.

Магнезиумот сулфат анхидратен во кристална форма со голема чистина скоро го нема на европскиот пазар. Најголем производител на ѓубрива на магнезитна основа во светот е Германија со 300.000 тони годишно, потоа Кина со 120.000 тони годишно. Ѓубривото се добива од природни наоѓалишта, каде површински или јамски се копа и со постапка на сепарирање и технолошко одвојување на одредени елементи се добива бараниот сооднос на магнезиумот со други пропратни елементи.

Со реализација на оваа Инвестициона програма ќе се овозможи изградба на погон за производство на магнезиум сулфат анхидратен во кристална форма по синтетичка технолошка поатапка со годишно производство од 3.500 тони. Исто така се предвидени вложувања во опрема за експлоатација и транспорт за обезбедување на основната суровина доломит од Рудникот Мајдан – Конопиште.

sliki
MgSO4
pogon
     

Инвестициониот објект ќе биде единствен капацитет во Европа во кој на синтетички начин ќе се добива Магнезиум сулфат анхидратен во кристална форма, чија основа е доломит со 21,0% магнезиум оксид.

Инвестициониот објект се предвидува да биде сместен во Скопје во кругот на Технолошко индустриската зона - Бунарџик, на простор од 1.000 m2, и дворно место од 4.000 m2 со следнава содржина:

  • производна хала во која ќе биде сместена технолошката линија,
  • покриен простор за сместување на суровината,
  • магацин за готови производи и останатиот дел,
  • патишта и хортикултурно уреден простор.

Со реализација на инвестицијата БИСТРИЦА предвидува да вработи 26 работници и да осварува вкупен приход од околу 1,96 милиони евра.
Најголем дел од производството се планира да се пласира на странскиот пазар. Во тек се преговори со странски партнери за долгорочна деловно-техничка соработка и за преземање на најголем дел од производството и тоа со светски познатите производители на хемиски производи ХАИФА од Израел, и K+S од Германија. Исто така во тек се преговори и за учество на странскиот партнер во обезбедување на потребните финансиски средства за реализација на оваа инвестиција.