za nas- banner
za nas kontakt gjubriva
lab
MgSO4
 
 

Фирмата Бистрица-СБ од Кавадарци е основана во 1995 година занимавајќи се со геолошки истражувања на минерални суровини и води на прострот на Тиквешко Мариово.

Од многуте проекти, истрагите ги има целосно завршено до фаза на договор за концесија со Владата на Р. Македонија за рудникот за доломит со потврдени 6 милиони тони рудна резерва. Извршени се истраги со бушотини на термалните води во локалитетот Топлек и спроведени се истраги и добиена е концесија за експлоатација на олигоминерална вода за флаширање.

Во рамките на активностите за искористување на рудникот за доломит, фирмата Бистрица СБ има усвоено сосема нова технологија и на таа основа има изготвено проект за синтетички начин на добивање на Магнезиум Сулфат (од Анхидро до Хептахидратен) во кристална форма.

Фирмата од 1998 година, со сопствени средства за првпат направи анализа на микроелементите на почвите во Р. Македонија, со што беше утврдено голем недостиг на Магнезиум во почвите и одтаму ја доби идејата за правење на течни и кристални ѓубрива кои со успех ги пласира во земјата и со кои се постигнуваат не само значително повисоки приноси на културите во сите грани на нивна примена.

Со производството на Магнезиум Сулфат, како и со негова примена во посебно во тиквешијата во лозарството, ѓубривото се покажа како одлична заштита од хлорозата и успеавме да го внесеме Магнезиумот во Макро елементите. 

Бистрица СБ од Кавадарци во својата палета на производи има регистрирано 10 типови на течни и кристални фолијарно-минерални ѓубрива, кое што производство од 1998 година преставаува основна дејност на фирмата.

Од оваа 2009 година, Бистрица СБ својата лабораторија која беше формирана во рамките на нејзината дејност, за контролирање на квалитетот на сопствените ѓубрива, ја дооформи со сета потребна опрема и уреди за вршење на агрохемијски анализи на почвата, што преставаува Прва Приватна Агрохемиска лабараторија и е единствена таква лабораторија во земјата и истата е одлично прифатена од земјоделците.