Производи
Наменети за интензивно производство на различни култури
Нашите производи се 100% растворливи во вода и се широко користени од земјоделците во Македонија и Косово.
Течните ѓубрива се лесни за употреба за исхрана преку лист, во комбинација заедно со производи за заштита на растенијата и преку системот „капка по капка“. Различни комбинации на течни ѓубрива МАКФЕРТ брзо го надополнуваат видливиот недостаток на хранливи материи и спречуваат физиолошки заболувања на растенијата поради недостаток на некој елемент.
Нашите кристални ѓубрива се применуваат во системот „капка по капка“, а исто така може да се применат и за користење преку лист. Изборот зависи од режимот на исхрана кој мора да се заснова врз резултати од плодноста на почвата. МАКФЕРТ – кристални ѓубрива, се целосно растворливи во вода и содржат голема количина макро и микроелементи без хлор и натриум и минимална количина на сулфати.
Макферт Доо
Компанијата Макферт е формирана за производство на неоргански минерални течни и кристални ѓубрива како и за лабораториски агрохемиски услуги, односно испитување на почви и ѓубрива.
Ние секогаш се обидуваме да направиме различни и подобри производи од конкуренцијата, можете да ги споредите нашите производи со другите производители на ѓубрива и ќе видите дека нашите се поконцентрирани ѓубрива, односно имаат повисок процент на хранливи елементи, по концентрирани од најголемиот дел на соодветни производи што се нудат на пазарот.