Агрохемиска лабораторија

АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВАТА 

 

Во аграрно развиените земји е незамисливо да се аплицираат ѓубривата без да се има основа, односно без агрохемиска анализа на почвата. Големиот спектар од комбинации на комплексни ѓубрива со нај различен однос на макро и микро елементи е резултат на агрохемиските анализи на поедини почви, односно почви со различна плодност. Тука се поставува прашањето: “дали знаеме која комбинација на ѓубриво да ја примениме ако не ја знаеме плодноста на почвата?”. Доколку еден хемиски елемент е во недостаток или вишок, тогаш тој го ограничува производството во квалитет и во квантитет. Овој факт мора да го знаат современите земјоделци доколку сакаат успешно да менаџираат со сопственото производство.

 

Принципот за земање на Просечна Проба од една парцела 

е следен, разликата е во бројот на сондажите, т.е.

 

– за 1 декар – 3 сондажи;

– 2 – 6 декари – 4;
– 7 – 10 декари – 5; 
– 1 – 2 хектари – 6; 
– 2 – 3 хектари – 7; 
– 3 – 5 хектари – 9 сондажи.

 

Местата за сондажа се лоцираат по “цик – цак” метода.

 

Бројот на сондажите не е ограничен, колку повеќе сондажи толку пробата ќе биде по точна!!!

 

Во една Просечна Проба влегуваат поединечните сондажи по 

соодветна длабочина. 

 

Зависно од културата што ќе се засее наредната година, 

длабочината за земање на прбата е следна:

 

– жита  0-30 cm  (едно ниво)
– тревници и ливади  0-20 cm  (едно ниво)

– индустриски култури  0-20  и  20-40 cm  (две нивоа)
– овошни насади и винова лоза  0-30  и  30-60 cm  (две нивоа).

– домати, краставици, пиперка, зелка  0-20  и  20-40 cm  (две нивоа)

Доколку е потребно две нивоа, сондажите по соодветна длабочина се собираат во посебни одбележани кофи, една кофа за Првото ниво и втора кофа за Второто ниво. На крајот, со рацете добро се меша почвата во секоја кофа посебно. Од измешаната почва од секоја кофа се зема од по околу ~0.5 kg и се става во различна кеса, додека вишокот се отфрла. Во кесите ОБАВЕЗНО се става етикета со податоци за сопственик, нивото, парцелата и културата.

 

Средствата платени за агрохемиска анализа извршена во лабораторијата на МАКФЕРТ ДОО од Кавадарци, подлежат на субвенционирање според програмата за “Финансиска поддршка за извршени агрохемиски анализи на почва” од Владата на Р.M.

 

Правила при сондажа на проби:

– Местата за сондажа да не се во близина на пат, канал, штала, магацин за ѓубрива, купишта шталско ѓубриво и сл.; 
– Местото да не е локва или тумба; 
– Пред земање проба да се очисти од трева и лисја; 
– Да изминало една вегетација после последното ѓубрење; 
– Секоја длабочина се става во посебна одбележана кофа, да не се мешаат длабочините. 

– Доколку се погреши се поновува земанјето (бушењето); 
– Да се избегне контакт со амбалажа од минерални ѓубрива; 
– Да се чисти сондата од остаток од почва пред сондирање на нова проба; 
– За една проба се смета доколку парцелата е до 5 ha. 

 

За подетални информации обратете се до нас:

 

МАКФЕРТ ДОО    

           ул. Вардарска 41 Велес

тел: 071/310-728;

e-mail: info@makfert.mk

http://www.makfert.mk