Компанијата МАКФЕРТ ДОО е основана во 2010 година од страна на технолошки инженер Јордан Маџаров кој претходно имаше 30 годишно искуство како главен инженер и управител на производство на основни минерални ѓубрива во државната фирма – Хемиска индустрија од Велес – ХИВ.
Компанијата Макферт е формирана за производство на неоргански минерални течни и кристални ѓубрива како и за лабораториски агрохемиски услуги, односно испитување на почви и ѓубрива. Нашите производи се 100% растворливи во вода и се широко користени од земјоделците во Македонија и Косово.
Течните ѓубрива се лесни за употреба за исхрана преку лист, во комбинација заедно со производи за заштита на растенијата и преку системот „капка по капка“. Различни комбинации на течни ѓубрива МАКФЕРТ брзо го надополнуваат видливиот недостаток на хранливи материи и спречуваат физиолошки заболувања на растенијата поради недостаток на некој елемент.
Некои од придобивките од исхраната со фолијарна апликација се:
– ако е нарушена или прекината исхраната преку коренот (недостаток на вода во почвата)
– повеќе храна за растенијата
– слабите растенија во нивните фази на развој брзо се нормализираат
– брза корекција кај недостаток на елемент во исхраната
Нашите кристални ѓубрива се применуваат во системот „капка по капка“, а исто така може да се применат и за користење преку лист. Изборот зависи од режимот на исхрана кој мора да се заснова врз резултати од плодноста на почвата. МАКФЕРТ – кристални ѓубрива, се целосно растворливи во вода и содржат голема количина макро и микроелементи без хлор и натриум и минимална количина на сулфати.
Различни комбинации на овие видови ѓубрива се наменети за интензивно производство на различни култури, особено при работење со култури кои сакаат брза исхрана, треба да се применуваат за сите видови на производство во. Примената на овие ѓубрива е корисна бидејќи содржината на одделни хранливи материи се прилагодува на потребите на растенијата во нивните различни фази на развој. После нанесувањето на кристалните ѓубрива Макферт, ефектите се брзи бидејќи хранливите материи ја стекнале формата што е целосно прилагодена на растението.
Ние секогаш се обидуваме да направиме различни и подобри производи од конкуренцијата, можете да ги споредите нашите производи со другите производители на ѓубрива и ќе видите дека нашите се поконцентрирани ѓубрива, односно имаат повисок процент на хранливи елементи, по концентрирани од најголемиот дел на соодветни производи што се нудат на пазарот.