МАКФЕРТ – 10К
150.00 ден
МАКФЕРТ – 10К е течно ѓубриво со нагласена содржина на калиум (К2О), кое не содржи хлор што е предност при исхрана на растенијата преку листот. Се применува за брза прехрана при недостаток на калиум (К2О) посебно за овоштарските и поледелските култури каде е нагласена потребата за калиум. Може да се применува и за градинарските култури по формирање на плодот.
Амбалажа :1L
- Description
Description
Состав:
Макроелементи: Азот (N) 7%, Фосфор (P2O5) 5%, Калиум (К2О) 10%.
Микроелементи: (Ca, Mg, Fe, Zn, Cu, Mn, B) во хелатна форма.
Физички особини: Течност со светло зелена боја и точка на кристализација до +10 °C.
Употреба: Се употребува за фолијарен третман, систем “капка по капка” и преку полевање.
- Фолијарен третман:
– Овоштарски и поледелски култури 0,4 – 0,5% раствор (400 – 500 ml во 100 L вода);
– Тутун, коренокртолисните и градинарски култури 0,3 – 0,4% раствор (300 – 400 ml во 100 L вода);
– со употреба се почнува кога листот доволно ќе се развие, 5 – 6 прскања на временско растојание од 7 – 10 дена по можност да се избегнува прскање во многу топло и сончево време. - Систем “капка по капка” и полевање – се применува како 0,4 – 0,5% раствор,
Мешање: Се меша со пестициди, освен со Бордовска чорба, или со други силни алкални средства.
Чување: Се чува во затворена амбалажа на температура над 10°C.
Рок за ефикасност: Неограничен.
Поврзани производи
- Додај во кошничкаБрз преглед
- Додај во кошничкаБрз преглед
- Додај во кошничкаБрз преглед