МАКФЕРТ – 14N
150.00 ден
МАКФЕРТ – 14N е течно ѓубриво со нагласена содржина на азот (N) кое не содржи хлор, што е предност при исхрана на растенијата преку листот. Се применува за брза прехрана при недостаток на азот (N) посебно за градинарските култури. Може да се применува и за овошните и поледелските култури пред формирање на плодот
- Description
Description
МАКФЕРТ – 14N е течно ѓубриво со нагласена содржина на азот (N) кое не содржи хлор, што е предност при исхрана на растенијата преку листот. Се применува за брза прехрана при недостаток на азот (N) посебно за градинарските култури. Може да се применува и за овошните и поледелските култури пред формирање на плодот.
Состав:
Макроелементи: Азот (N) 14%, Фосфор (P2O5) 4%, Калиум (K2O) 7%.
Микроелементи: (Ca, Mg, Fe, Zn, Cu, Mn, B) во хелатна форма.
Физички особини: Течност со светло зелена боја и точка на кристализација до +10 ºC.
Употреба: Се употребува за фолијарен третман, систем “капка по капка” и преку полевање.
- Фолијарен третман:
– Градинарски култури на отворено и овошни култури 0,3 – 0,4% раствор ( 300 – 400 ml во 100 L вода)
– Градинарски култури во затворен простор 0,4 – 0,5% раствор (400 – 500 ml во 100 L вода).
– со употреба се почнува кога листот доволно ќе се развие, 5 – 6 прскања на временско растојание од 7 – 10 дена по можност да се избегнува прскање во многу топло и сончево време. - Систем “капка по капка” и полевање – се применува како 0,4 – 0,5% раствор.
Мешање: Се меша со пестициди, освен со Бордовска чорба, или со други силни алкални средства.
Чување: Се чува во затворена амбалажа на температура над 10 ºC.
Рок на ефикасност: Неограничен.
Поврзани производи
- Додај во кошничкаБрз преглед
- Додај во кошничкаБрз преглед
- Додај во кошничкаБрз преглед