11-10-41+M.E.

11-10-41+M.E.

95.00 ден

МАКФЕРТ – Кристал 11-10-41+M.E. е високо концентрирано ефикасно кристално ѓубриво
кое во себе ги содржи сите потребни макро и микро хранливи елементи кои
ги задоволуваат барањата за зголемено и квалитетно земјоделско
производство.

Амбалажа: 1 кг

Категорија:
Прегледај кошничка

Description

1. Предности во исхрана со фолијарна апликација
1.1. исхраната преку коренот е пореметена или прекината (недостаток на
вода во почвата); 1.2. дополнително и збогатено хранење на растенијата;
1.3. растенијата кои се сиромашни, во развојот брзо ги нормализираат
развојните етапи.
1.4. брза корекција при недостаток на некој хранлив елемент.
2. Предности на МАКФЕРТ – Кристал со фолијарна апликација
2.1. идеален однос на макро и микро елементи;
2.2. висока чистота на ѓубривото, не содржи хлор, перхлорат и тешки
елементи;
2.3. целосна растворливост во вода без да ја загадува почвата и водените
ресурси;
2.4. компатибилност на заштитните средства, освен со Бордова чорба или
силни алкални средства како и калциумови ѓубрива;
2.5. вкупниот азот го сочинуваат форми на азот кои овозможуваат брзо и
продолжително дејство.

3. Хемиски состав
3.1. Макро елементи: Азот (N) ; Фосфор (P2O5) ; Калиум (К2О);
Магнезиум (MgО); Сулфур (S).
3.2. Микро елементи: Железо (Fe); Манган (Mn); Бакар (Cu); Цинк (Zn);
Молибден (Mo); Бор (B).
4. Физички особини
Течно плави кристали, релативна специфична маса 1-1,2 gr/cm3.
Вредност на pH рекција 4,5 – 6.
5. Употреба
5.1. Фолијарна апликација
5.1.1. Овошни култури (јаболко, круша)
– доза 100 – 200 gr/100 L  вода;
– период на апликација: пред цветање, после паѓање на цветот и при
формирање на плодот;
– број на апликации 4 – 6.
5.1.2. Костенливо овошје (цреша, вишна, кајсија, праска, слива)
– доза 100 – 150 gr/100 L вода;
– период на апликација: после појавување на првите листови со
повторување на секои 15 дена;
– број на апликации 4 – 5.
5.1.3. Винова лоза
– доза 100 – 150 gr/100 L вода;
– период на апликација при потерување на окцата 8 – 10 дена пред
цветање,
10 – 15 дена по цветање и пред прошарок.
5.1.4. Градинарски култури
– доза 100 – 150 gr/100 L вода;
– период на апликација: 5 – 6 прскања со повторување на 10 дена.
5.1.5. Поледелски култури (пченица, јачмен)
– доза 2.4 – 2.8 kg/ha;
– број на апликации: 2 прскања.
5.2. Систем "капка по капка"
– доза 2 – 4 kg/декар за една апликација;
– бројот на апликациите зависи од културата, базичната плодност на
почвата и климатските услови.
6. Чување
Се чува во затворена амбалажа на суви места. Во случај на хигроскопност
МАКФЕРТ – Кистал не ги губи хемиските својтва.

has been added to your cart:
Нарачување